Пораките на WhatsApp ќе исчезнуваат самите за заштита на приватноста

Објавено на 03.11.2020 во Новости



Пораките на WhatsApp ќе исчезнуваат самите за заштита на приватноста

WhatsApp започна со воведување на новата функција која ќе им овозможи на корисниците да одберат автоматско бришење на испратените пораки по одреден период, со што нема да остане никаков траг од нивната комуникација.

Најпрво треба во секој поединечен разговор со одреден контакт треба да ја одберете опцијата за автоматско исчезнување на испратените пораки во рок од една недела. По истекот на овој рок, испратените пораки преку WhatsApp ќе бидат целосно избришани.

Исто така корисникот треба да знае дека постои и опција за исклучување на локалниот бекап на податоци на WhatsApp, а доколку не ја одбере оваа опција дел од содржините и натаму ќе бидат дел од меморијата на уредот. 

Автор: Aleksandar Stankov