HMD Global ќе ја враќа Nokia 6300 во ново руво

Објавено на 03.11.2020 во Новости



HMD Global ќе ја враќа Nokia 6300 во ново руво

HMD Global планира да направи уште еден ретро телефон, овој пат да го врати моделот Nokia 6300 во ново руво, но не како смартфон, туку како класичен обичен телефон со неколку модерни функции. 

Nokia 6300 беше еден од првите мобилни телефони на финскиот бренд со квалитетна 2 мегапикселна камера, алфанумеричка тастатура, како и солиден дисплеј за тоа време.

Nokia 6300 беше доста популарен мобилен телефон меѓу бизнисмените, но ако повторно биде лансиран како ретро телефон тогаш сигурно ќе има многу пониска цена.