Samsung Galaxy S21 5G: Кога ќе се лансира и во какви бои

Објавено на 04.11.2020 во Новости



Samsung Galaxy S21 5G: Кога ќе се лансира и во какви бои

Samsung планира да ја открие 5G Galaxy S21 серијата во јануари или на почетокот на февруари. Galaxy S21 би можел да излезе на 14 јануари, 2021 година, тврди Џон Просер. Тоа е еден месец порано во споредба со досегашните дати на објава на S серијата.

5G Samsung Galaxy S21 Ultra и поевтините верзии - Galaxy S21+ и Galaxy S21, ќе бидат достапни за преднарачка. Ќе бидат достапни во: црна, бела, сива, сребрена, виолетова и розева боја.

Сите три уреда ќе бидат со 108-мегапиксели главен сензор кај Ultra моделот, додека смартфоните доаѓаат со следната генерација на Qualcomm Snapdragon 875 процесорот или Exynos процесорот на одредени места, како и кај нас, Android 11 оперативен систем со One UI 3.0 кориснички интерфејс, 5,000mAh батерија кај Galaxy S21 Ultra, 4,800mAh кај Galaxy S21+, и помала батерија од 4,000mAh кај Galaxy S21.