Google конечно се огласи за скандалот со Pixel 5

Објавено на 04.11.2020 во Новости



Google конечно се огласи за скандалот со Pixel 5

Google конечно се огласи по избивањето на скандалот поврзан со Pixel 5 откако дел од корисниците покажаа дека нивниот уред има мала празнина помеѓу дисплејот и рамката што предизвика повеќе грижи.

Од одделот за подршка на корисници на Google соопштија дека малата празнина е нормална и е резултат на различни производствени процеси. 

Таа нема да се одрази на издржливоста на смартфонот и на неговата водоотпорност преку IP 68 сертификатот. Сепак, иако Google не признава вина изрази подготвеност да работи поединечно со секој корисник од случај до случај.