Xiaomi Mi Mix Fold ќе има бесни компоненти

Објавено на 04.11.2020 во Новости



Xiaomi Mi Mix Fold ќе има бесни компоненти

Xiaomi оваа година направи пауза од Mi Mix серијата, но затоа според информациите на ликстерот Digital Chat Station следната година ќе лансира нов супер моќен модел со флексибилен дисплеј на преклоп.

Xiaomi Mi Mix Fold моделот засега е непознато каков вид на механизам ќе има на флексибилниот екран, дали на преклоп или пак на лизгање како кај Motorola Flip, на склопување како Galaxy Z Fold или пак како "тетратка" кај Huawei Mate X.

Еден од главните адути на Xiaomi Mi Mix Fold е тоа што ќе располага со екстремно брзо полнење на батеријата со капацитет од 200W односно батерија од 4000 би се полнела за околу 18 минути.