Со Apple Watch сега самостојно може да слушате музика на Spotify
Објавено на 04.11.2020 во Новости
Apple Watch конечно по речиси две години ќе може да се користи како самостоен уред при слушање и стримање на музика од специјалната апликација на Spotify.
Корисниците ќе може да стримаат преку Spotify без нивниот паметен часовник да биде поврзан со iPhone што е голема предност, особено за тие кои направиле комбинација со останати смарт уреди.
На пример со новата функција на Spotify целата музика ќе може да ја слушате преку Bluetooth смарт звучник или пак преку слушалки со безжична конекција.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.