Кинезите полудеа по BMW, побарувачката пораснала за 31%

Објавено на 05.11.2020 во Новости



Кинезите полудеа по BMW, побарувачката пораснала за 31%

Германскиот автомобилски џин BMW има раст на профит во третиот квартал за 2020 година, благодарение на Кина. Во споредба со истиот период во 2019 година, профитот од продажбата на BMW возилата во третиот квартал 2020, порасна за 9,6%, што е еднакво на 2,5 милијарди евра, односно 300 милиони евра повеќе отколку лани во истиот квартал.

Во самата Кина, продажбата на BMW автомобилите пораснала за дури 31%, што го надополнило падот на продажба на нивните возила во другите земји на светот. BMW во третиот квартал бележи пад на приходи од 1,4%, а на годишно ниво очекува вкупен пад на приходи за над 10%, а причината е пандемија на коронавирусот.