Samsung ќе лансира смартфон со огромна батерија од 7,000mAh

Објавено на 05.11.2020 во Новости



Samsung ќе лансира смартфон со огромна батерија од 7,000mAh

Samsung работи на уште еден ценовно прифатлив смартфон со огромна батерија од 7,000mAh. После лансирањето на Galaxy M31 порано годинава, јужнокорејската компанија ќе го претстави наследникот Galaxy M12.

SamMobile тврди дека Samsung сака да ја експандира својата евтина линија на смартфони. Следните Samsung телефони ќе бидат Galaxy F12 и M12. Galaxy F12/M12 ќе бидат со 6.7-инчен Infinity-O дисплеј, 7,000 mAh батерија и четворна камера.