Moto G9 Power доаѓа со мега батерија од 6000 mAh

Објавено на 05.11.2020 во Новости



Moto G9 Power доаѓа со мега батерија од 6000 mAh

Motorola ќе го лансира и четвртиот по ред смартфон од Moto G9 серијата покрај стандардниот како и Plus и Play моделите до сопствен адут кој ќе го разликува од останатите.

Power ќе биде новиот модел на Moto G9 серијата, а името ќе го оправда со мега батерија со капацитет од 6000 mAh.

Motorola Moto G9 Power ќе располага и со 6,8 инчен дисплеј со HD Plus резолуција, ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 662 процесор, 4 GB RAM, 128 GB меморија и ќе има тројна главна камера на задната страна со примарен сензор од 64 мегапиксели.