Nokia 10 PureView ќе има многу камери и моќен процесор
Објавено на 05.11.2020 во Новости
HMD Global планира следната година да атакува целосно на премиум сегментот со нов високо квалитетен смартфон кој ќе има повеќе камери и најмоќен осум-јадрен Snapdragon 875 процесор планиран за следната генерација.
Nokia 10 PureView ќе располага со Zeiss оптика, а камерата ќе има повеќе сензори, засега се претпоставува дека ќе има најмалку пет.
Исто така Nokia 10 PureView ќе биде изработен со врвни материјали како не'рѓосувачки челик и сафирно стакло.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.