Конечно WhatsApp ќе ги воведе самоуништувачките пораки за сите

Објавено на 06.11.2020 во Новости



Конечно WhatsApp ќе ги воведе самоуништувачките пораки за сите

WhatsApp минатата година почна со тестирање на самоуништувачките пораки, а пред два месеца медиумите ја пренесоа информацијата дека се уште ја развиваат таа опција. Не е познато кога ќе стане достапна за корисниците. 

Денес од таа компанија и официјално ја најавиле таа опција и можност за подесување на автоматско бришење на пораки после испраќањето, односно нивното самоуништување. Опцијата за автоматско бришење на пораки нема да биде достапна веднаш за сите, но за активирањето на таа можност сепак нема да мораме премногу да чекаме и би требало да биде достапна до крајот на овој месец за сите.