Walmart отпуштил роботи, на нивно место ќе работат луѓе

Објавено на 06.11.2020 во Новости



Walmart отпуштил роботи, на нивно место ќе работат луѓе

Во се поголем број на индустрии, роботите полека ги преземаат работите на луѓето. Бројни анализи и предвидувања говорат дека поради роботизацијата, автоматизацијата и вештачката интелигенција, 10 милиони луѓе во текот на следната година ќе останат без работа.

Роботите не се секогаш најефикасни, иако во многу индустрии претприемачите мора да се прилагодат кон пазарот и да ја роботизираат својата работа. Walmart, американскиот малопродажен гигант, кој соработуваше со роботската компанија Bossa Nova Robotics, повторно вработува луѓе, оти смета дека се поефикасни од роботите. 

Роботите досега ги скенираа полиците и го следеа инвентарот и бројот на производи на полиците во околу 500 продавници. Walmart го прекина договорот за соработка и користењето на роботи.