Tesla има само рецепти, а нивните кувари ја прават бистинската храна

Објавено на 08.11.2020 во Новости



Tesla има само рецепти, а нивните кувари ја прават бистинската храна

По што Toyota се разликува од компанијата на Илон Маск? Цената на акциите на Tesla и нејзината вредност во текот на оваа година достигнаа рекордно ниво, па така компанијата на Маск ги надмина сите конкуренти и традиционалните автомобилски компании.

Првиот човек на Toyota, Акио Тојода, се претерува со вреднувањето на Tesla, со оглед на тоа што нема вистински бизнис модел во вистинскиот свет. Тојода тврди дека неговата компанија продава многу повеќе возила и различни видови возила во споредба со Tesla. Денес вкупно има околу 100 милиони возила од нивните на пазарот. Tesla се надева дека ќе продаде над 500 илјади возила годинава.

За да ги спореди Tesla и Toyota, Тојода вели дека Tesla е се уште во фаза на размена на рецепти и уверени се дека нивниот рецепт ќе стане стандарден рецепт, според кој ќе готват во иднина. Додека Tesla ги разменува рецептите од иднината, Toyota ја има вистинската кујна и вистинскиот кувар и уште сега спремаат јадења.