Првиот 6G сателит во светот е лансиран од Кина

Објавено на 09.11.2020 во Новости



Првиот 6G сателит во светот е лансиран од Кина

Long March 6 е ракета-носач, кој овој пат беше лансиран од Кина, со цел да пренесе 13 сателити во орбитата. Едниот сателит „Универзитет за електроника и технологија“ е првиот тест 6G сателит во светот, кој има за цел да го набљудува тлото на Земјата. 

Конкретно, Кина сака да ја набљудува земјата, со цел превенција на природни катастрофи во земјоделството и шумарството, како што се земјотресите. Ќе тестира и терахерцна комуникација. 6G сателитот се вика Tianjan 05 и тежок е околу 70 килограми.