Информации за iPhone 13 за 2021 година

Објавено на 09.11.2020 во Новости



Информации за iPhone 13 за 2021 година

Се уште не се достапни новите модели на iPhone 12, а Минг-Чи Куо веќе објави одредени предвидувања за следната генерација на нивните телефони. Се разбира, многу зависи како ќе се одвива ситуацијата со коронавирусот.

Моменталните анализи се дека бројот 13 ќе биде среќен број за Apple, а iPhone 13 ќе се продава уште подобро од моменталниот модел 12. Куо е оптимист околу пандемијата, при што, доколку се реши проблемот со вакцината, Apple нема да има проблеми со производството и компонентите, како што се очекува за оваа година.

Следната година одлучувачки фактор за продажба на смартфони ќе биде 5G мрежата, која ќе им биде попривлечна на корисниците. Apple уште сега работи на напредната ултраширока камера за iPhone 13 Pro. 





Прочитајте повеќе: