Луксузни автомобили само на струја: Bentley најави целосна електрификација

Објавено на 10.11.2020 во Новости



Луксузни автомобили само на струја: Bentley најави целосна електрификација

Заедничко за сите производители на автомобили во последно време е свртувањето на фокусот на електричните возила и тука нема исклучок, без разлика дали станува збор за мали градски возила, лимузини, спортски и луксузни автомобили. Сите преминуваат кон струја.

Луксузниот производител на возила Bentley исто така најави дека до 2030 година целосно ќе премине кон електрични мотори. После таа година нема да може да се купи Bentley автомобил со внатрешно согорување. Според постепената транзиција на Bentley, до 2026 година ќе понуди само електрични и хибридни плаг-ин модели, а четири години подоцна нема да има ниту хибридни.