Huawei се одлучи на драстичен потег: Го продава Honor за дури 15 милијарди долари

Објавено на 10.11.2020 во Новости



Huawei се одлучи на драстичен потег: Го продава Honor за дури 15 милијарди долари

Се повеќе ги има гласините дека Huawei размислува за продажба на својот бренд Honor, познат по ценовно прифатливите смартфони, а новите информации велат дека кинеската компанија договорила продажба со конзорциум предводен од компанијата Digital China.

Се уште нема официјална потврда од Huawei, а извори од Ројтерс велат дека таа работа ќе биде тешка дури 15 милијарди долари. Тоа изгледа како драстичен приказ со оглед на тоа што брендот Honor е исклучително комплементарен кон мобилното портфолио на Huawei, коментирала аналитичарката на Canalys, специјализирана за мобилниот пазар, Никол Пенг.