Huawei Mate X2 со целосно нов дизајн и 66W брзо полнење

Објавено на 11.11.2020 во Новости



Huawei Mate X2 со целосно нов дизајн и 66W брзо полнење

Huawei Mate X2 ќе биде следниот модел на преклоп, кој ќе биде целосно нов модел, со нов стандард за брзо полнење. Веќе е сертифициран уред со 66W брзина за полнење од Huawei, што е за 20% побрзо во споредба со претходните два Huawei смартфони на преклоп.

Во моментот се знае дека Huawei Mate X2 ќе има Wi-Fi 6 поврзување, EMUI 11 кориснички интерфејс и дизајнот ќе му биде променет - наместо кон надвор, екранот ќе се преклопува кон внатре како кај Galaxy Fold. Се прогнозира и дека ќе има смарт стилус, но се уште нема никаква потврда од Huawei.