Tesla ќе вработи 7.000 лица во Берлин со почетна плата од 2.700 евра

Објавено на 12.11.2020 во Новости



Tesla ќе вработи 7.000 лица во Берлин со почетна плата од 2.700 евра

Ангажираната локална агенција за вработување е ангажирана за да вработи 7.000 лица во фабриката на Tesla. Во првата етапа од годината ќе бидат вработени 200 лица како магацински работници, а до следното лето 2021 година, бројот на вработени треба да достигне 7.000 лица со редовен работен однос.

Кога ќе се комплетира првата фаза од изградбата на фабриката во 2022 година, повторно ќе има 5.000 нови работни места. Tesla планира да вработува и лица што подолго време се невработени или не располагаат со соодветна квалификација.