Google Photos нема да има веќе бесплатно неограничено складирање

Објавено на 13.11.2020 во Новости



Google Photos нема да има веќе бесплатно неограничено складирање

Google Photos е едно од најпопуларните решенија за online cloud меморија, со бесплатно неограничено качување фотографии и видеа. Сите што го користат од јуни 2021 година ќе бидат ограничени на 15GB простор.

Google официјално објави: „Почнувајќи од 1 јуни, 2021 година, секоја нова фотографија или видео што ќе се складираат, ќе се сметаат во рамките на 15GB складирањата, кои пристигнуваат со секој Google Account или дополнително складирање, кое корисникот го купил како Google One член“.

Од друга страна, секоја фотографија или видео, прикачени со висок квалитет до 1 јуни 2021 година, нема да се сметаат во рамките на слободниот простор 15GB.