Погледнете го новиот Instagram, нови копчиња за шопинг и TiKTok копијата

Објавено на 13.11.2020 во Новости



Погледнете го новиот Instagram, нови копчиња за шопинг и TiKTok копијата

Instagram лансира сосема нова верзија на мобилната апликација која е фокусирана на неколку клучни промени како што се копче за шопинг и за Reel копијата на TiKTok за кратки вертикални видеа со музичка или звучна позадина.

На почетната страна на Instagram сега е додадена нова лента на долната страна. Тука се сместени копчињата Home и Search. До нив се наоѓа иконата за Reels каде ќе може да го гледате кратките видеа кои се целосно инспирирани од успехот на TiKTok.

Исто така е додадено копче за шопинг за да може да нарачувате производи од брендовите кои се рекламираат, а на крај е копчето за вашиот профил.

Горната страна исто така претрпе промени. Повеќе ја нема иконата за IGTV каде се објавуваат подолгите видеа.

Тука е копчето + за објава на нов пост, копчето за преглед на лајкови и нотификации како и иконата за Direct Messages која сега е идентична како и иконата на Facebook Messenger.

Автор: Aleksandar Stankov