„Нешто сомнително се случува“: Два пати позитивен и два пати негативен на корона-тест во ист ден

Објавено на 13.11.2020 во Новости



„Нешто сомнително се случува“: Два пати позитивен и два пати негативен на корона-тест во ист ден

„Нешто сомнително се случува. Денес сум тестиран четири пати. Резултатите се два пати позитивни, два пати негативни. Истата машина, ист тест, истата сестра. Брзиот BD антигенски тест“, напишал Илон Маск на Twitter, веројатно мислејќи на брзите тестови од Becton Dickinson and Co.

Челникот на Tesla кажал дека е тестиран и со PCR тест, на чии резултати се чека 24 часа. Рекол дека има симпоми на настинка. Досега ништо необично, вели Маск.

Becton Dickinson во септември објави дека истражува извештај од американските домови за постари за лажно позитивни резултати од тестови за коронавирус и од истата компанија.