Samsung Galaxy S21 Ultra 5G ќе биде со поддршка за S Pen, но...

Објавено на 14.11.2020 во Новости



Samsung Galaxy S21 Ultra 5G ќе биде со поддршка за S Pen, но...

S Pen беше главната препознатливост кај Galaxy Note серијата, која се произведува уште од 2011 година, а сега веќе се стопира со производство. Сега велат дека Galaxy S21 Ultra ќе има S Pen, но најновите тврдења се дека нема да го има.

Тоа значи дека новиот S21 ќе има поддршка за S Pen стилусот, но нема да биде вклучен во понудата за предводникот за 2021 година. Ice Universe тврди дека е ‘100%’ сигурен дека Samsung ќе понуди S Pen поддршка за Galaxy S21 Ultra 5G кога ќе го открие за 2 месеца.