Xiaomi ја започна надградбата со MiUi 12 и Android 11

Објавено на 14.11.2020 во Новости



Xiaomi ја започна надградбата со MiUi 12 и Android 11

Xiaomi ја започна новата голема софтверска надградба која е комбинација на новата верзија на корисничкиот интерфејс MiUi 12 и последната достапна верзија на оперативниот систем Android 11.

Прв уред кој ќе го добие новиот софтвер комбиниран со MiUi 12 и Android 11 е Redmi K30 Pro Zoom, а наскоро се очекува надградбата да стигне и до сите останати модели од Mi и Redmi сериите лансирани во последните година дена, а потоа и до постарите модели до две години.