Македонците заинтересирани за е-трговија - Голем интерес за 3 конференција за во Македонија

Објавено на 14.11.2020 во Новости



Македонците заинтересирани за е-трговија - Голем интерес за 3 конференција за во Македонија

На 25-ти и 26-ти ноември, по трет пат традиционално, ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, која оваа година, согласно препораките за заштита на здравјето на учесниците, ќе се организира комплетно онлајн, под мотото:  „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“.
И оваа година, Конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски чинители во екосистемот на е-трговијата.

Конференцијата ќе изобилува со богата дводневна програма која се состои од повеќе од 30 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со интернет продажба, ставајќи го во фокус влијанието на пандемијата врз растот на е-трговијата. Конференцијата ќе биде збогатена и со забавни делови каде што ќе се доделуваат вредни награди за учесниците.

„Третата годишна конференција за е-трговија претставува уникатна прилика да се добијат совети за раст и развој на бизнисот и да се слушне од прва рака искуството од реномираните меѓународни и домашни експерти со користење на електронска трговија, како и да се дознаат начините за зголемување на онлајн безбедноста, збогатување на корисничкото искуство во периодот на глобалната пандемија и можностите кои ги нуди меѓуграничната е-трговија.” велат организаторите од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, АЕТМ.

На конференцијата ќе говорат Проф. Јориј Абрахам кој е директор на европската Е-commerce foundation која ги обединува сите асоцијации за е-трговија во Европа,  Барбара Сеса која е  одговорна за дигитални производи за Европа во Мастеркард, Хауард Кингстон кој е истакнат ветеран и маркетинг експерт, Тобјорн Фредриксен кој го води одделот за анализа на ИКТ во Конференцијата на ООН за трговија и развој (УНКТАД) како и многу други истакнати странски и домашни говорници.

Дека Македонците се заинтересирани за да ги надоградат своите познавања од областа на интернет продажбата, говори фактот за големата продажба на билетите за конференцијата, кои во моментов се достапни со Bundle цена на официјалниот веб сајт - www.ecommerceconference.mk.

# # #