SpaceX лансираше четири астронаути кон Меѓународната вселенска станица - ISS

Објавено на 16.11.2020 во Новости



SpaceX лансираше четири астронаути кон Меѓународната вселенска станица - ISS

SpaceX, компанијата на Илон Маск, лансираше четири астронаути до Меѓународната вселенска станица (ISS). Новопроектираната капсула Crew Dragon се подигна со ракетата Falcon 9 од вселенскиот центар Кенеди на НАСА, во Кејп Канаверал, Флорида.

Летот до ISS ќе трае 27 часа, при што екипажот е составен од Американците Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Шенон Вокер, Јапонецот Соичи Ногучи. Пристапувањето кон ISS е предвидено за вторник наутро по GMT временска зона. Се работи за 6 месечината оперативна мисија со која се потврдува продолжувањето на летовите со човечки екипаж од САД од мај, после 9 годишното прекинување и зависноста од Русија.