Првите Redmi смартфони со 5G доаѓаат наскоро

Објавено на 16.11.2020 во Новости



Првите Redmi смартфони со 5G доаѓаат наскоро

Xiaomi наскоро ќе ги лансира првите Redmi смартфони со 5G мобилна конекција со што ќе овозможи и корисниците во средната класа да имаат полесен пристап до новата технологија на поврзување.

Според најавите на 24 ноември ќе се одржи промотивен настан на кој ќе бидат претставени новите Redmi Note 9 5G и Redmi Note 9 Pro 5G со квалитетни процесори.

Исто така се очекува Redmi Note 9 5G и Redmi Note 9 Pro 5G да располагаат со четири сензори на главната камера како и доста издржливи батерии.