Екранот на iPhone 12 позеленува - Нов скандал или кинески удар?

Објавено на 16.11.2020 во Новости



Екранот на iPhone 12 позеленува - Нов скандал или кинески удар?

iPhone 12 може да претставува нов проблем за Apple доколку се утврди дека екранот на смартфонот има фабрички проблем, односно дека веднаш по вклучувањето позеленува, а кај некои модели долниот дел целосно се блокира.

Засега овие случаи се пријавени претежно во Кина и постои можност да е дел од кампања против американскиот бренд како одговор на трговската војна со САД.

Сторијата која ја објави GizChina засега не добива големо внимание од западните медиуми па така треба да се земе и со голема доза на резерва се додека не се утврди дали навистина станува збор за скандал или пак за некој помал проблем.

Имено новите iPhone 12 модели располагаат со OLED екрани каде белата боја има поразлична нијанса од LES екраните бидејќи активни се само тие пиксели кои моментално прикажуваат содржина со што значително се штеди на батерија.

Такво прилагодување со жолтеникава нијанса се прилагодува при активирање на Night mode што е сосема нормално и вообичаено, но досега не се појавил проблем со зелена боја врз екранот па така Apple го истражува случајот и наскоро ќе излезе со официјален став.

Автор: Aleksandar Stankov