Лос Анџелес и Њујорк ќе имаат летачки таксиња за 10 години

Објавено на 17.11.2020 во Новости



Лос Анџелес и Њујорк ќе имаат летачки таксиња за 10 години

Летачките такси служби во текот на оваа деценија веќе би можеле да полетаат. Автомобилските и технолошките компании вложуваат големи цифри во електричните возила и автономните возила, а дел од нив инвестираат и во уште еден облик на иднината на транспортот - летачки такси возила.

Една од компаниите што има големи амбиции на тој пазар е Uber, кој преоптимистично смета дека нивната услуга за превоз на патници со летачки таксиња Uber Air би можела да почне со работа уште од 2023 година.