LG Wing – Бесконечна употреба на телефон што се врти

Објавено на 17.11.2020 во Новости



LG Wing – Бесконечна употреба на телефон што се врти

Ова е нешто сосема ново на пазарот и секоја чест за LG! Компанијата одреден период немаше значителни иновации и затоа немаше резултати, но сигурни сме дека сега ќе покаже нешто големо пред светот.

Со новиот LG Wing демонстрираше иновација што досега не е видена, односно смартфон што се врти, од вертикала во хоризонтала, при што се отвара секундарен, помал дисплеј од долната страна со големина од 3.9 инчи. Неверојатно!

Погледнете ги видеата за да видите што се може да се прави со новиот LG. Големиот дисплеј има големина од 6.8-инчи и се нарекува FullVision POLED дисплеј.