Huawei ја потврдува продажбата на смартфон бизнисот со Honor

Објавено на 17.11.2020 во Новости



Huawei ја потврдува продажбата на смартфон бизнисот со Honor

Пред 5 недели, Huawei започна преговори со потенцијални купувачи за делумна продажба на Honor. Кинеската компанија конечно склучила договор за целата компанија на Honor, односно целосно го продава Honor.

Huawei официјално го објави договорот за продажба  на смартфон бизнисот со Honor, на новокреиран конзорциум, составен од 30 агенти и дилери, вклучувајќи ги China Telecom и неколку владини ентитети, како што е Shenzhen Smart City Development Group. Конзорциумот ќе преземе целосна контрола над Honor, кој ќе биде наскоро познат под името Shenzhen Zhixin New Information Technology. 

Претходниот сопственик Huawei нема да има право на збор во овој бизнис. Се уште не е објавено колкава е проценката за продажбата, експертите го проценуваат Honor на $15.2 милијарди долари.