Сите Redmi K40 модели ќе имаат 120Hz екрани и брзо полнење на батеријата

Објавено на 17.11.2020 во Новости



Сите Redmi K40 модели ќе имаат 120Hz екрани и брзо полнење на батеријата

Redmi суб-брендот на Xiaomi ќе се погрижи следната генерација на премиум смартфони од серијата Redmi K40 да понуди врвен хардвер и екстра перформанси. 

Според информациите кои се појавија благодарение на првите сертификати на Redmi K40 серијата се открива дека сите модели ќе имаат висока стапка на освежување на сликата на екранот од најмалку 120Hz и дека сите модели ќе имаат брзо полнење на батеријата со минимален капацитет од 33W.