Samsung ја сопре бета надградбата на OneUI 3.0 за постари модели

Објавено на 17.11.2020 во Новости



Samsung ја сопре бета надградбата на OneUI 3.0 за постари модели

Samsung Mobile привремено ќе ја сопре надградбата на бета верзијата на новиот кориснички интерфејс One UI 3.0 кај постарите модели од Galaxy S и Galaxy Note серијата поради грешки во софтверот.

Бета тестирањето на OneUI 3.0 покажало повеќе грешки кај модели како Samsung Galaxy S10 и Samsung Galaxy Note 10, додека пак кај моделите од актуелната премиум понуда вакви проблеми не се јавено.

Од Samsung одделот за бета тестирање апелираат до корисниците да почекаат за следната надградба и добро е што сите овие проблеми ќе бидат откриени и решени во бета фазата, но постои можност за одложување на финалната надградба со OneUI 3.0 за нивните модели меѓу кои и Samsung Galaxy Fold.