Преклопниот iPhone ќе пристигне во 2022 година

Објавено на 18.11.2020 во Новости



 Преклопниот iPhone ќе пристигне во 2022 година

Apple има планови за 2021 година и 2022 година за iPhone 13 и други продукти. За две години се планира новиот iPhone на преклоп. Станува збор за гласини што Apple нема да ги потврди, но досега на мрежата веќе кружат слични информации.

Наводно Apple ги побарал првите прототипови од уредот, кај кои ќе го тестира екранот и механизмите што ќе овозможуваат свиткување на уредот. Apple сака механизмот да издржи 100 илјади затварања и отварања на екранот, што е многу повеќе во споредба со отварањето и затварањето на лаптопите. 

Се разбира, мора да биде така, со оглед на тоа што телефонот во текот на денот многу повеќе се отвара и затвара во споредба со лаптопот. Еден од партнерите во развојот на преклопниот смартфон на Apple ќе биде Samsung, за екрани, додека уредите ќе се склопуваат во Foxconn во Кина. 





Прочитајте повеќе: