Apple ќе ги намали трошоците за помалите девелопери

Објавено на 18.11.2020 во Новости



Apple ќе ги намали трошоците за помалите девелопери

Apple донесе одлука да ја намали провизијата во App Store завесите помали девелопери и бизниси кои во една календарска година имале приходи од нивните апликации или игри под 1 милион долари.

Оваа група на девелопери ќе плаќаат само 15% провизија за остварените приходи преку Apple Store, односно двојно помалку од останатите.

Ако ја надминат границата од 1 милион долари тогаш ќе треба да ја платат вообичаената провизија од 30%.