Од white hat хакер до шеф на сајбер безбедност на Twitter

Објавено на 18.11.2020 во Новости



Од white hat хакер до шеф на сајбер безбедност на Twitter

Познатиот white hat хакер Питер Затко е назначен за нов шеф на одделот за сајбер безбедност на Twitter, што како потег значително ја заинтересира јавноста.

Затко припаѓа на групата на добронамерни хакери кои наоѓаат пропусти во безбедносните системи на големите технолошки компании, а најчесто нивните пробиви се прават со цел да се заштитат корисниците и да се отстранат пропустите.

Еден од таквите потфати на хакерот Затко или Mudge беше токму хакирањето на Windows по што Microsoft ги презеде неопходните мерки за заштита.

Претходно Затко има работено на проекти на Google и DDARPA под покровителство на Пентагон, а сега ќе има за задача да ја подобри безбедноста на Twitter од можни хакерски напади и пробивање на податоците на корисниците.