За 15 минути украле 48 палети со производи на Apple!?

Објавено на 19.11.2020 во Новости



За 15 минути украле 48 палети со производи на Apple!?

Главниот автопат што ги поврзува Лондон и Лидс се претвори во рај за крадците во Велика Британија во последните неколку години. Добро информирани и организирани групи на крадци го ограбиле камионот што ги пренесувал производите на Apple и украле стока во вредност од пет милиони фунти.

Полицијата на Нортемптоншир соопштува дека ограбувачите го стопирале камионот, ги врзале возачот и чуварот, а потоа ја откачиле приколицата од камионот, па ја префрлиле на друг камион, што чекал спремен и мирно заминале. Подоцна камионот и приколицата се пронајдени во Леичестер, но нема ниту трага од палетите. 





Прочитајте повеќе: