Apple ќе плати уште стотина милиони долари за аферата Batterygate

Објавено на 19.11.2020 во Новости



Apple ќе плати уште стотина милиони долари за аферата Batterygate

Apple во нова судска постапка во САД се согласил да плати уште 115 милиони долари оштета за аферата Batterygate која ќе биде поделена меѓу корисниците и тимовите на адвокати.

Причината за спогодбата е аферата со софтверското ограничување на капацитет на батеријата и перформансите со софтверските надградби на iOs во периодот од 2014 до 2106 година.

Претходно Apple се обврза да исплати по 25 долари оштета на корисниците во САД кои биле погодени од манипулирањето со батеријата и треба да изработи информативен веб сајт на кој ќе објасни детално дали следната софтверска надградба ќе влијае на перформансите на уредот и во каков капацитет.





Прочитајте повеќе: