Елон Маск сега е побогат и од неговиот омилен непријател Цукерберг

Објавено на 19.11.2020 во Новости



Елон Маск сега е побогат и од неговиот омилен непријател Цукерберг

Елен Маск основачот и директор на Tesla го надмина и Марк Цукерберг шефот на Facebook според вредноста на богатството и стана четвртиот најбогат човек во светот.

По растот на вредноста на акциите на Tesla од 10% богатството на Маск сега се проценува на над 105 милијарди американски долари. 

Се поголемиот пробив на електричните автомобили ќе и овозможи на Tesla влез на берзанскиот индекс S&P 500 како една од највредните компании на пазарот.