Apple плаќа 113 милиони долари оштета за аферата со батериите

Објавено на 20.11.2020 во Новости



Apple плаќа 113 милиони долари оштета за аферата со батериите

Apple одлучи да попушти и да плати дополнителна оштета поради својата пракса за забавување на постарите модели на iPhone. Во 2017 година, корисниците забележаа дека смартфоните одеднаш им станаа побавни после инсталацијата на новиот оперативен систем.

Apple се оправдуваше дека намерно ги забавуваат телефони, со цел да се намали оптеретувањето на батеријата, оти батеријата така може брзо да се испразни и телефонот веднаш да се исклучи кога батеријата е при крај. Аналитичарите тврдат дека компанијата сакала да им покаже на корисниците дека нивните уреди се застарени и бавни, што значи дека е веќе време да си купат нов iPhone.

Така Apple прифаќа да исплати оштета за ова - 113 милиони долари.





Прочитајте повеќе: