Google Chrome добива голема надградба на крајот на 2020

Објавено на 20.11.2020 во Новости



Google Chrome добива голема надградба на крајот на 2020

На крајот на 2020 година Google Chrome ќе добие голема надградба за табовите, активните секогаш ќе одат први, а другите спецификации ќе бидат како споредни. Google соопшти дека на тој начин уредот ќе биде за 5% помалку оптеретен.

Интернет пребарувачот ќе работи за 25% побрзо одошто порано и ќе биде со помалку RAM меморија, а ќе биде вградена и новата опција tab search, при што ќе може да ги прегледате сите отворени табови полесно и поедноставно. Chrome Actions ќе бидат од голема помош, со тоа што address bar-от, т.е. просторот за внесување на името на веб-страницата, ќе функционира поефикасно.

Автор: Aleksandar Stankov