Селфи камерата на iPhone 12 Pro послаба и од Asus

Објавено на 20.11.2020 во Новости



Селфи камерата на iPhone 12 Pro послаба и од Asus

Новиот премиум смартфон на Apple според тестовите на DxoMark нуди минимални подобрувања во однос на неговиот претходник iPhone 11 Pro Duo, но не е ни одблиску до главните конкуренти на Samsung и Huawei.

iPhone 12 Pro за селфи камерата одвои вкупно 98 поени комбинирано и е на седмото место од актуелните смартфони кои поминале на тестот, односно се наоѓал зад еден Asus Zenfone 6.

Делот за правење фотографии со предната 12 мегапикселна камера доби 101 поен со неколку предности како bokeh ефектот на портретите но, и со недостатоци во деталноста и динамиката на сцената при силно и слабо осветлување.

Делот за снимање на видеа со iPhone 12 Pro од предната камера доби 93 поени пред се за квалитетниот звук и стабилна слика со висока 4K HD резолуција.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: