Poco M3 ќе има четири главна камери и ниска цена

Објавено на 20.11.2020 во Новости



Poco M3 ќе има четири главна камери и ниска цена

Pocophone како суб-бренд на Xiaomi веќе добро се етаблира во основните класи на смартфони покрај флегшип бисерите и наскоро ќе лансира нов модел со прилично ниска цена од околу 200 евра.

Новиот Poco M3 ќе располага со 6,5 инчен Full HD Plus LCD дисплеј, ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 662 процесор, 4 GB RAM, 64 GB меморија, батерија со капацитет од 6000 mAh и ќе има четири сензори на главната камера на задната страна.