LG ќе прави лаптоп со екран кој се витка како ролна

Објавено на 21.11.2020 во Новости



LG ќе прави лаптоп со екран кој се витка како ролна

LG ќе продолжи со развојот на уникатните форми на екрани и новиот концепт на ролна ќе го промени и во категоријата на лаптопи за што веќе има изработено концепт и патент.

Лаптопот на LG со екран кој ќе се витка како ролна ќе има големина од17 инчи. Доколку проектот се покаже како успешен тогаш може да се очекува оваа технологија да биде понудена и на други брендови.

LG веќе го лансираше првиот скарт телевизор со екран кој се собира во ролна и Signature моделот чини 60 илјади долари што покажува колку оваа технологија засега е скапа и во рана фаза на развој.