Три Samsung Galaxy S21 смартфони доаѓаат на 14 јануари

Објавено на 22.11.2020 во Новости



Три Samsung Galaxy S21 смартфони доаѓаат на 14 јануари

Samsung Mobile забрзано ги обезбедува сите неопходни сертификати за новото трио на премиум Samsung Galaxy S21 кои најверојатно ќе бидат промовирани на 14 јануари следната година, односно многу порано во однос на нивните претходници.

Триото ќе биде составена од основниот модел Samsung Galaxy S21 со 6,2 инчен екран, потоа средниот модел ќе биде Samsung Galaxy S21 Plus со 6,7 инчен модел и најмоќниот во ова друштво Samsung Galaxy S21 Ultra со 6,8 инчен дисплеј и 108 мегапикселна главна камера од втората генерација.

Samsung Galaxy S21 моделите ќе работат или со Snapdragon 875 или со Exynos 2100 процесорите во зависност од тоа на кој пазар се лансирани,  Android 11 оперативен систем и бројни подобрувања во хардверот и перформансите. 

Автор: Aleksandar Stankov