Не очекува уште еден моќен Redmi Note 9 смартфон

Објавено на 22.11.2020 во Новости



Не очекува уште еден моќен Redmi Note 9 смартфон

Redmi Note 9 5G Pro најверојатно ќе биде најмоќниот модел од новата серија на квалитетни фаблети од суб-брендот на Xiaomi кои ќе бидат претставени официјално на 26 ноември. 

Redmi Note 9 5G Pro се појави на првиот детален бенчмарк тест каде е откриено дека ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 750 процесор со поддршка за 5G мобилна мрежа, ќе има 8 GB RAM, 128 GB основна вградена меморија, 108 мегапикселна главна камера на задната страна, батерија со капацитет од 4000 mAh со брзо полнење и Android 10 оперативен систем.