Кога да го очекуваме Samsung Galaxy Z Fold3 со S Pen?

Објавено на 23.11.2020 во Новости



Кога да го очекуваме Samsung Galaxy Z Fold3 со S Pen?

Samsung Mobile ќе направи неколку измени во распоредот на лансирање на нови смартфони, односно еден дел ќе биде достапен на почетокот на годината со Samsung Galaxy S21, додека пак вториот дел на премиум модели ќе биде достапен во јуни следната година.

Новите информации откриваат дека налето би го добиле новиот модел на преклоп Samsung Galaxy Z Fold 3 кој ќе има поддршка за функционалното S пенкалце и ќе има многу потенок дисплеј кој кога ќе се спои ќе има големина на таблет од 8 инчи.

Samsung Galaxy Z Fold 3 исто така ќе има вградена селфи камера под самиот дисплеј што ќе биде врв на дизајнот и иновациите во 2021 година.