Илон Маск почнал со бизнис преку програмирање

Објавено на 24.11.2020 во Новости



Илон Маск почнал со бизнис преку програмирање

Илон Маск имал интерес за програмирање во периодот кога играл видео игри. Основачот на Tesla Inc. и SpaceX вели дека видео игрите го поттикнале да ги следи своите соништа. Маск не е само програмер, туку и основач на повеќе компании со решенија за големи проблеми. 

Tesla има електрични автомобили, а SpaceX сака да насели човечки колонии на Марс, додека Hyperloop ќе понуди нов вид на брз јавен превоз. Маск неодамна стана третиот најбогат човек во светот. Прво го научил сам BASIC програмскиот јазик за програмирање, а на 12 години програмирал и продал програма за неговиот компјутер на списание за 500 долари.

11 години подоцна со брат му ја основале „Зip2“, компанија што нудела упатства за градови, мапи и телефонски именици за новинарската индустрија. Подоцна ја продале оваа компанија за 307 милиони долари.