Lookout Mobile Security апликација за iPhone

Објавено на 23.10.2011 во iOs



Lookout Mobile Security апликација за iPhone

 

Lookout Mobile, лидерот во безбедносен софтвер за мобилни телефони, ја лансираше новата апликација за корисниците на iPhone users, која ќе им помогне да бидат безбедни и ќе ги чува од секакви напади вируси додека сурфаат на интернет.
 
Оваа апликација е веќе подолго време активна на Android платформата, а сега истата имаат можност да ја добијат и корисниците на iOS. Еве дел од можностите кои ги нуди програмата:
  • исчезнат телефон – им овозможува на корисниците да си го пронајдат загубениот телефон или да огласат аларам ако се наоѓа во близина (некаде низ дома).
  • Советник – ги известува корисниците за нивните опции и дали софтверот ги има најновите безбедности дефиниции.
  • Wi-Fi безбедност – ги известува корисниците кога се приклучени на некоја небезбедна бежична мрежа.
  • Услуги за локацијата – им дозволува на корисниците да постават кои апикации може да се приклучат на нивната мрежа.
  • Backup и Restore функција – правење бекап и враќање на содржината на „клауд“ сервис за да можете да пристапите од каде било.
  • Управување – со употреба на веб-интерфејсот, корисниците ќе можат наеднаш да управуваат со неколку направи како iPhone, iPad, па дури и смартфони и таблети со Android.