Маск не сопира, го надмина и Бил Гејтс и му дише в врат на Безос
Објавено на 24.11.2020 во Новости

Милијардерот Елон Маск секој ден станува се побогат и побогат, благодарение на постојаниот раст на вредноста на акциите на компанијата Tesla како и на нејзнината пазарна капитализација.
Тех-милијардерот Маск претходно го надмина Марк Цукерберг за чија компанија Facebook често изразува негативни ставови, а сега успеа да го престигне и Бил Гејтс, синонимот за најбогат човек на светот кој со децении беше на врвот преку Microsoft.
Маск има сега проценета вредност на богатството од 104,5 милијарди долари и покажува дека визијата на Tesla за електрични возила се повеќе зема замав и ќе ја надмине традиционалната автомобилска индустрија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.